За нас...
Телефонмонтажа Комерц АД Скопје, компанија основана во 1993 година. Уште од своите почетоци станува конкурент на на пазарот како фирма со регистрирана дејност како Друштво за монтажа и реконструкција на телефонски и сигнални линии уреди и постојки.
Денес Телефонмонтажа Комерц АД Скопје прераснува во компанија која на своите клиенти им нуди целосни мрежни решенија како за бакарни така и за оптички мрежи. Нашата современа компанија за телекомуникациски инженеринг реализира софистицирани технички решенија и е во чекор со новите развојни трендови преку широка палета на производи и услуги.
Со своите тимови и квалитетно обучени кадри функционира во Скопскиот регион, цели делови од западна и централна Македонија.
Огромната механизација која ја поседува Телефонмонтажа Комерц АД Скопје придонесува да имаме способност во областа на извршувањето на градежно земјени работи.
Како компанија константно се движиме напред во поглед на проширување на капацитетите, подобрување на изведбата, како и усовршување на можностите на нашата работа. За нас обезбедувањето на квалитетни, доверливи и сигурни услуги е главниот приоритет.
Нашите вработени се млади и амбизиозни личности, коишто се високо обучени, со соодветно образование и сертификати во полињата на нивното работење.
Политиката за квалитет на Телефонмонтажа Комерц АД е обезбедување на високо ниво на задоволство кај корисниците, преку испорака на професионални, квалитетни и конкурентни решенија, истовремено водејќи сметка заштита на животната средина.
Авторизиран продажен и сервис партнер TRACTO-TECHNIK

Tracto - Technik е компанија за машински конструкции базирана на Lennestadt- Saalhausen развојните машини за подземни инсталации и подземни обновувања на цевки. Корисниците на овој рамномерно растечки пазар наоѓаат залихи и производи од повеќе области како телекомуникациски, хидро, гасни и електрични работи.
Целосни мрежни решенија...