Телефонмонтажа Комерц АД Скопје, компанија создадена во 1993 година, настаната како дел од Телефонмонтажа која била основана во 1954 година, уште од своите почетоци станува конкурент на на пазарот како компанија со регистрирана дејност како Друштво за монтажа и реконструкција на телефонски и сигнални линии уреди и постојки.
Денес Телефонмонтажа Комерц АД Скопје прераснува во компанија која на своите клиенти им нуди целосни мрежни решенија како за бакарни така и за оптички мрежи. Нашата современа компанија за телекомуникациски инженеринг реализира софистицирани технички решенија и е во чекор со новите развојни трендови преку широка палета на производи и услуги
Со своите тимови и вкупно вработени 45 квалитетно обучени кадри функционираме на проекти на целата територија на Република Македонија.
Огромната механизација која ја поседува Телефонмонтажа Комерц АД Скопје придонесува да имаме способност и во областа на извршувањето на градежно земјени работи.
Позади името на нашата компанија стојат огромен број на реализирани проекти како во делот на телекомуникациите така и во делот на електроенергетиката.
Како компанија константно се движиме напред во поглед на проширување на капацитетите, подобрување на изведбата, како и усовршување на можностите на нашата работа. За нас обезбедувањето на квалитетни, доверливи и сигурни услуги е главниот приоритет. Нашата мисија е да им помогнеме на клиентите да создадат вредности и сигурност. На овој начин сакаме да дадеме свој придонес кон изградбата на добра и стабилна иднина. Обезбедуваме високо ниво на квалитет на услугите, современа понуда на нови проекти и градење на традиција на компанијата. Кај нашите производи и услуги не работиме на квантитет, туку на квалитет при нивното изведување. Преку производите и услугите, кои се дизајнирани според потребите на нашите клиенти, сакаме да дадеме свој добар придонес во нивниот развој, како дел од напорите да станат поуспешни и посилни. Нашите клиенти добиваат квалитетни услуги, ефикасен, стaбилен и сигурен производ со атрактивен сооднос меѓу цената и квалитетот.
Нашите вработени се млади и амбизиозни личности, кои што се високо обучени, со соодветно образование и сертификати во полињата на нивното работење, се заложуваат себеси за обезбедување на пријатен однос и партнерство, професионалност и квалитет, оптимизам и креативност во работењето. Во делот на проектирање и реализација на зададените работи, нудиме гаранција за квалитетот на понуденото решение во согласност со Вашите потреби и развојни планови. Телефонмонтажа Комерц АД Скопје е гаранција за квалитет на изведбата и долгогодишна експлоатација на испорачаната опрема.
Политиката за квалитет на Телефонмонтажа Комерц АД е обезбедување на високо ниво на задоволство кај корисниците, преку испорака на професионални, квалитетни и конкурентни решенија, истовремено водејќи сметка заштита на животната средина.
Нашата компанија е официјален сервисер и застапник за Tracto – Technik, која е компанија за машински конструкции и развојните машини за подземни инсталации и обновувања на истите. Корисниците на овој рамномерно растечки пазар наоѓаат залихи и производи од повеќе области како телекомуникациски, хидро, гасни и електрични работи.
Од нивната палета на производи, Телефонмонтажа Комерц АД - Скопје поседува огромен асортиман на алати и уреди за пневматско бушење под пат од која било големина за потребите на нашите клиенти.
Телефонмонтажа Комерц АД - Скопје е целосно посветена кон воспоставување, одржување и постојаното подобрување на интегриран менаџмент систем за квалитет и животна средина согласно тие барања, нашата компанија веќе подолг период ги има воведно стандардите ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015.