ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА
Телефонмонтажа Комерц АД - Скопје се целосно посветени кон воспоставување, одржување и постојаното подобрување на интегриран менаџмент систем за квалитет и животна средина согласно барањата на стандардите ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015.
Телефонмонтажа Комерц АД - Скопје работи согласно следните принципи:
- Фокусираност кон клиентите поради постојано задоволување на нивните барања, истовремено водејќи грижа за нивните жалби и рекламации;
- Посветеност кон квалитетно работење водејќи грижа за заштитата на животната средина;
- Постојано подобрување на перформансите на работните процеси и карактеристиките на производите и услугите, со цел остварување корист за сите заинтересирани страни т.е клиентите, добавувачите, вработените, сопствениците како и општеството во целина;
- Заштита од загадување преку постојана контрола и намалување на загадувањето;
- Усогласеност со законски и други барања поврзани со заштита на животната средина.
- Градење на партнерски односи со добавувачите со цел задоволување на барањата поврзани со континуирано и квалитетно снабдување со производи за нашите клиенти;
- Квалитет на производите на Телефонмонтажа Комерц АД - Скопје со цел обезбедување сигурност и целосна доверба од страна на нашите постојани клиенти, како и привлекување на нови;
- Подигање на свеста на вработените и останати заинтересирани страни за важноста на квалитетот на производот и услугата и заштитата на животната средина;
- Вработените во Телефонмонтажа Комерц АД - Скопје се најзначаен ресурс и најголемо богатство во секојдневното работење и затоа ним им посветуваме посебно внимание;
“Нашата мисија е да се движиме напред во поглед на проширување на капацитетите, подобрување на изведбата, како и усовршување на можностите на нашата работа. За нас обезбедувањето на квалитетни, доверливи и сигурни услуги е главниот приоритет“
СЕРТИФИКАТИ
Систем за менаџмент со Квалитет ISO 9001:2015 и Систем за управување со заштита за животна средина ISO 14001:2015